Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на Лавров
Европскиот суд на правдата во Луксембург денеска донесе одлука да не ги укине санкциите против Александар Винокуров, кој е оженет со ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Со денешната пресуда, објавена на веб-страницата на судот, се отфрли жалбата на Винокуров, со која се бараше судиите да го признаат неговото барање за укинување на санкциите како основано и да ја прогласат за неприфатлива одлуката на Советот на ЕУ за воведување рестриктивни мерки против него за дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
Тој, исто така, побара судот да му наложи на Советот на ЕУ да ги плати сите трошоци поврзани со разгледувањето на барањето