Пријавување за студентски оброк од 1 до 5 февруари

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот Е-услуги.

Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, а за поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк и сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

-Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни. Шпаркасе банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите.

Ако го знаете или го чувате ПИН кодот, нема потреба од реактивизација, наведува МОН вообјавениот повик за субвенциониран студентски оброк.

Back to top button
Close