Денеска целосен бојкот за купување во Хрватска
Во Хрватска вчера почна најавениот бојкот на одредени трговски синџири и производи, а денеска организаторите повикуваат на целосен прекин на купувањето – и во продавници и преку интернет.
„Тоа ќе биде бојкот на секаков облик на купување на производи и услуги, ги повикуваме потрошувачите да се воздржат од купување тој ден, не само во трговските центри, туку и во други институции и организации“, изјави Јосип Келемен од потрошувачката платформаАло инспекторе (Halo Inspektore).
Платформата ги повика граѓаните една недела да избегнуваат пазарење во продавниците „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“, како и да не купуваат „Кока-кола“ и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за миење садови. Таа акција почна вчера.
Денесka целта не е да се купува ништо, јавија хрватските медиуми.
„Еднодневен бојкот. На се. НИШТО НЕ КУПУВАМЕ ДЕНЕСКА. Ниту физички, ниту онлајн. Ништо не плаќаме“, велат од платформата преку социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните на солидарност во обид да испратат силна порака до трговскитесинџири и институции.
Мотивите зад бојкотот се поврзани со незадоволството на потрошувачите од високите цени и, како што тврдат организаторите, недоволната контрола од трговците.