Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг индустријата, работејќи во секторите за односи со јавност.