ФОТО: Протест на Партизанска на местото каде завчера вечер беше смртно прегазена Фросина
Кривичен му одреди 30 дневен притвор на возачот кој пред два дена ја усмрти 22 годишната Фросина на пешачки премин на Партизанска, но јавноста бара и институционална одговорност откако беа објавени информации дека 20годишникот со години им бил познат на истражните органи за повеќе сообраќајни прекршоци но и пресуда за поседување дрога.
На протестот на кој за денеска беше најавено на фејбукс се собраа неколку стотина Скопјани да го искажат револтот од беснеењето на возачи по улиците на Скопје. Проест за Фросина е ннајавен и во нејзиниот роден град Неготино за денеска во 15 часот.