Протестот за Фросина продолжи и пред Кривичен суд – граѓаните бараат „Затвор за Васил“
По протестот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на местото каде што беше прегазена младата Фросина од Неготино, неколку стотина грашани стигнаа пред Кривичниот суд, а претходно својот револт го изразија пред зградите на Јавното обвинителство и пред Собранието.
Се слушаа извици „Затвор за Васил“ посочувајќи го името на возачот кој пред два дена ја прегази Фросина додека поминувала на пешачки премин.
Дел од демонстрантите на плочникот пред Кривичниот суд оставија отпечатоци од раце намачкани со црвена боја.
Граѓаните бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди, како зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај.