Српскиот драматург и писател Синиша Ковачевиќ потврди дека српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир.

Српскиот драматург и писател Синиша Ковачевиќ потврди дека српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир. Таа информација ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
„Нобеловиот комитет штотуку доби потврда дека кандидатурата за Нобеловата награда за мир, со која г-ѓа Дијана Стојковиќ, адвокат и јас номиниравме српски студенти, е прифатена. Тие тоа го заслужуваат“, напиша Ковачевиќ.
Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, а на нивните акции се приклучија и граѓаните во речиси сите делови на државата. Прво почнаа да ги блокираат факултетите, а потоа почнаа да излегуваат на улица и да бараат да се исполнат барањата што ги поставија до институциите на Србија. Власта постојано се обидуваше да го задуши нивниот бунт, нудејќи им различни поволности, но тие не се откажаа од борбата и нивните барања. Факултетските блокади започнаа на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), чии студенти и професори беа нападнати на 22 ноември додека мирно ја блокираа улицата 15 минути за да им оддадат почит на загинатите во уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close