Регистриран земјотрес во Скопје
Земјотресот со епицентар на десет километри источно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 бил регистриран рано изутринава, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 година регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, се наведува во соопштението.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.