ДУИ изразува длабока загриженост во врска со измените на Законот за инспекциски надзор
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост во врска со измените на Законот за инспекциски надзор, кои ја загрозуваат независноста и ефективното функционирање на Инспекторатот за употреба на јазиците.
Овој инспекторат е клучен орган за гарантирање на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците и за заштита на јазичните права на граѓаните.
Со последните измени, Собранието го укина статусот на правно лице за сите инспекторати, ставајќи ги под целосна контрола на ресорните министерства.
Инспекторатот за употреба на јазиците е регулиран со два посебни закони – Законот за употреба на јазиците и Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците, кои јасно го дефинираат овој инспекторат како правно лице.
Согласно правниот принцип дека специјалниот закон има предност пред општиот закон, овие одредби не можат да бидат изменети или укинати од еден општ закон како што е Законот за инспекциски надзор.
Затоа, Владата и Министерството за правда немаат никаква правна основа за ставање на овој инспекторат во целосна зависност од министерството и мора итно да обезбедат неговото понатамошно независно функционирање, согласно законот.
Секој обид за намалување на независноста на Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се смета за напад врз јазичните права на албанците и за чекор назад во почитувањето на јазичната еднаквост, гарантирана со Уставот и Охридскиот договор.
ДУИ предупредува дека нема да остане рамнодушен кон оваа закана и ќе преземе сите институционални и демократски мерки за да обезбеди Инспекторатот за употреба на јазиците да остане независна институција, способна да ги заштити јазичните права на граѓаните.
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ги штити правата на албанските граѓани и на сите други заедници, за еднаква и праведна држава.
ДУИ