Мадона со поддршка за српската студентска блокада: „Сведоци сме на едно од најголемите студентски движења од 1968 година“

На фотографијата, направена со дрон за време на протестот во Нови Сад, таа напиша:

„Моќта на единството. Она што медиумите не го прикажуваат е дека сме сведоци на едно од најголемите студентски движења во регионот од 1968 година. Поддржете го обединувањето ширум светот.“

Под оваа објава јасно стои: „Србија, токму сега.“

Во својата порака, Мадона објаснува дека „речиси сите универзитети се затворени од страна на студентите, а се одржуваат и 24-часовни блокади. Илјадници луѓе излегуваат на улиците на Србија, барајќи системски промени и помалку корупција во Владата.“

Протестите се одржаа по повод три месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога се урна покривна конструкција, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. На протестите учествуваат студенти од цела Србија, жители на Нови Сад, но и граѓани од други делови на земјата.

Студентите поставија четири конкретни барања, меѓу кои и објавување на целокупната документација за градежните работи на железничката станица и санкционирање на сите одговорни за физичките напади врз студентите. (трн.мк)

Back to top button
Close