Вработени во Радио Телевизија Војводина ќе емитуваат „Слободен дневник“

Вработени во Радио Телевизија на Војводина (РТВ) в понеделник во 17 часот ќе организираат Слободен дневник пред зградата на телевизијата, јави Бета.

Во исто време, на Првиот канал на телевизијата се емитува централната информативна програма, што ја реемитува Радио телевизија на Србија (РТС).

Вработените во РТВ укажуваат на непрофесионалното известување на јавниот сервис за настаните што следеа по уривањето на настрешницата на Железничката станица, поради што побараа оставка од редакцијата на првата програма на телевизијата.

„Со оглед на тоа што барањето не е исполнето, а јавниот сервис има законска, а пред се етичка обврска кон граѓаните, дел од вработените решија на овој начин да го бранат јавниот интерес“, велат дел од вработените во Јавен сервис на Војводина.

Тие имаат поддршка од два синдиката. Беше најавено и дека во пресрет на „Слободниот дневник“ ќе биде организирана специјална програма.

Back to top button
Close