Бојкотот во БиХ без ефект – прометот во продавниците дури и зголемен
03.02.2025 13:33
125 Читање помалку од 1м
Според податоците на Даночната управа на Федерацијата БиХ (ФБиХ), акцијата „Бојкот во БиХ“ не ги постигнала очекуваните резултати, бидејќи прометот во продавниците бил дури и поголем во однос на претходниот ден или во однос на истиот ден од претходната недела.
Според официјалните податоци, на 31 јануари 2025 година, вкупниот промет во Федерацијата БиХ изнесувал 251.568.163 конвертибилни марки (КМ) (1 КМ=0,51 евро)
Прометот на трговските објекти во Федерацијата БиХ на 31 јануари изнесувал 101.908.646 КМ. На 30 јануари бил регистриран вкупен промет од 199.668.251 КМ, додека во трговијата биле остварени 101.538.760,53 КМ. Недела порано, на 24 јануари, вкупниот промет во Федерацијата БиХ бил 175.927.100 КМ, од кои 92.287.812 КМ биле од трговските објекти – соопшти Даночната управа на ФБиХ.