Актерка го прекина доделувањето на филмските награди во Данска: Не сакаме наши пари да одат за бомбардирање деца
Аманда Радељак, актерка по потекло од Босна и Херцеговина, го прекина доделувањето на Данските филмски награди за да го привлече вниманието на геноцидот врз Палестинците.
Таа изјави дека нејзиниот говор не бил планиран, но дека има нешто што би сакала да им каже на присутните. Водителката и го дозволила тоа.
„Пред да побегнат нашите драги политичари, можете да им кажете во Кристијансборг дека не сакаме нашите даночни пари да се трошат за бомбардирање деца“, прво изјави таа, а публиката ја награди со аплауз.
Таа продолжи: „Ослободете ја Палестина! Минатата година седнав на таа маса и немав самодоверба да дојдам овде. Зошто е толку тешко да станеш и да зборуваш? Зборувајќи за луѓето кои страдаат и кои се бомбардирани чудно е“, продолжи таа.
Таа додаде дека се сеќава дека гледала многу видеа од убиени деца, мажи и жени.
„Помислив: „Во ред, Аманда. Можеш да го направиш ова. Во ред е да стоиш овде и да кажеш дека не е во ред што сме сведоци на пренос на геноцид во живо“, рече таа.
Таа изјави и дека во срцето го носи убиеното петгодишно палестинско девојче Хинд Раџаб. Кон него биле испукани 335 куршуми.
„Нашата индустрија говори за емпатија. Ако само интегритетот, достоинството и хуманоста беа нешто кон кое се стремиме, светот би изгледал сосема поинаку. Љубовта е единствениот пат напред“, рече таа, барајќи од сите присутни да станат, да ги вклучат блицовите од нивните телефони и да и се придружат во едноминутно молчење за сите оние кои повеќе не се со нас.