Кина возвраќа со царини за увоз на јаглен и течен природен гас од САД

Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за увозот на јаглен, течен природен гас, сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем обем од Соединетите Американски Држави (САД).

 

„Едностраното зголемување на царините на САД сериозно ги крши правилата на Светската трговска организација. Не само што не помага во решавањето на сопствените проблеми, туку и штети на нормалната економска и трговска соработка меѓу Кина и САД“,се вели во соопштението на кинеското Министерство за трговија.

Покрај царините, кинеската државна управа за регулирање на пазарот објави дека отпочнува истрага и против американскиот технолошки гигант „Гугл“ поради сомнеж за прекршување на антимонополските закони.

Back to top button
Close