Весна Бејби се огласи по трагедијата на „Партизанска“: Насилникот се создава, пред него се правеле наудрени, замижувале….

Нашата позната актерка Весна Петрушевска Бејби со емотивна и жестока реакција по наставните врзани со трагичната смрт на младата Фросина на „Партизанска“.

Фросина е нашиот завет, порача таа.

Нејзината објава на фејсбук ви ја пренесуваме во целост:

– Тоа што и се случи на Фросина не е инцидент, ова е повторување на дело без никакви последици за оној кој убива. Тој “оној” е слика на врсничкито насилство, дилер на амфитамини кој бил пуштен од системот, напуштен одамна од грижата на родителите, бесрамник и збеснат. Замислете на пешачки премин уредно врви Фросина која имала голем сон, да биде уметник, моден дизајнер, да остави трага во својот живот. Наспроти ова чудовиште кое летало по Партизанска и јас сум сигурна дека не му било сефте. Фросина е наша грешка, ние кои треба да се бориме жестоко и да бараме одговорност. Јас изодев трнлив и мачен пат, уште го одам, но кога зборувам гласно за насилство мислам на ваквите како Васил (има име и презиме и слики најверојатно). Насилникот се создава, пред него се правеле наудрени, замижувале….

Тој ќе отслужи казна и пак ќе биде полусвет и бандит. Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала.Таа нема да се насмее повеќе, ниту да се бори против неправдите. Фросина е нашиот завет! Слава ти и почивај во мир!  – напиша Петрушевска

Back to top button
Close