Стотици демонстранти пред Белата куќа револтирани од изјавата на Трамп за Палестина

Народот на Палестина нема да оди никаде. Тие се домородните луѓе на таа земја. Да кажеш дека ќе раселуваш луѓе, тоа е менталитет на колонизатор, изјави еден од демонстраните за Ал Џезира.

Стотици демонстранти пред Белата куќа извикуваат „Палестина не е на продажба“ додека американскиот претседател Доналд Трамп објави план со кој САД имаат намера да ја „поседнат“ територијата на Газа во Израел, јавува Ал Џезира.

Демонстрантите се собраа во Вашингтон за да протестираат против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа и да ја повикаат администрацијата на Трамп да престане да доставува оружје за Израел.

Тие извикуваа „Слободна Палестина“ и ги осудија израелските злосторства, на митинг одржан во услови на силно обезбедување.

Мајкл Ширцер, активист на протестот, рече дека Американците не сакаат нивните даночни пари да се користат за убивање на Палестинците. Тој ја отфрли идејата на Трамп нарекувајќи ја „луда“.

– Народот на Палестина нема да оди никаде. Тие се домородните луѓе на таа земја. Да кажеш дека ќе раселуваш луѓе, тоа е менталитет на колонизатор – изјави тој за Ал Џезира.

Трамп претходно рече дека Палестинците „би сакале“ да ја напуштат Газа доколку им се укаже шанса, повторувајќи го својот повик за „трајно“ раселување на целото население на територијата.

Американскиот претседател се соочи со реакции од арапските држави и групите за човекови права во врска со предложениот план, кој критичарите го нарекуваат етничко чистење.

Но, Трамп ја засили својата реторика за време на прес-конференцијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека САД „ќе ја преземат Газа“ штом ќе се испразни, како и „ќе ја поседуваат“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“.

Нетанјаху нагласи дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Министри во владата на Нетанјаху изјавија дека средбата меѓу Трамп и Нетанјаху е „историско утро за државата Израел, Блискиот Исток и за светот“.

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп денеска треба да се соочи со протести во секоја од 50 држави на САД во ист ден. Иницијативата „Проект 2025“ која започна на социјалните медиуми ги осудува, како што велат, „тврдокорните десничарски политики“ на Трамп и неговите планови за 2025 година.

Движењето има веб-страници и сметки на социјалните медиуми. Флаерите, што се дистрибуираат на интернет, го осудуваат „Проектот 2025“ како „тврдокорн десничарска игротека за американската влада и општество“ и вклучуваат пораки како „Отфрли го фашизмот“ и „Одбрани ја нашата демократија“.

Во првите неколку недели од новиот мандат, Трамп потпиша серија извршни наредби – од трговија и имиграција до климатски промени. Додека демократите почнаа да го креваат својот глас за несогласување со агендата на Трамп, започнаа и протестите, јавија американските медиуми.

 

Back to top button
Close