Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис
Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор, јавува Телма Тв
Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.
Како што дознава Телма, станува збор за едно отуѓено возило од СОЗР. Фирмата „В.И.П. сервис дооел“ на второосомничениот Горјан Пехчевски којашто соработувала со службата и која се занимава со изнајмување возила, купила возило „Пасат“ од СОЗР. Потоа, Мирчески го возел автомобилот и по престанувањето на функцијата директор.
Според последните информации и Мирчески и Пехчевски се приведени во полиција. Откако ќе дадат свој исказ во станица, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.