„Аптив“ заминува од Бунарџик, „Џонсон Мети“ ќе намалува работни места – глобалната криза ги погоди и компаниите во македонските ТИРЗ

\

Во дописот стои и дека имаат план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција,  која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи, односно ќе ги обештетат. Од друга страна, пак, добро познатата компанија „Џонсон Мети“ која, исто така, долги години работи во индустриската зона Бунарџик, ќе го намали бројот на работни позиции поради глобалните случувања. 

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, се вели во дописот од „Џонсон Мети“.

Од ТИРЗ за Телма соопштија дека тие сè уште не добиле ништо официјално од двете компании за случувањата кај нив.

Инаку, од Советот за странски инвестиции неколку пати претходно предупредија дека состојбата во Германија ќе се одрази на работата на компаниите тука. Неодамна од таму соопштија дека некои од фабриките поради случувањата во Европа имаат намален обем на работа од околу 40 проценти, а други биле принудени да ги укинат смените за време на викенд, затоа што немале доволно активности.

Состојбата во Германија веќе подолго време е лоша. Кризата таму најмногу се чувствува во автомобилската индустрија. Кај нас доста странски фирми извезуваат делови за автомобили токму таму, но и во други делови на Европа.

Поради случувањата таму, извозот од земјава опаѓа, а тоа може да се види и од бројките на статистика каде пишува дека од јануари до ноември во 2024 година, во однос на истиот период во 2023 година, е намален за 5,9 проценти. Во пласманот на производи на странските пазари, големо учество имаат странските автомобилски компании во и надвор од зоните.

Ирена Чачкова

Back to top button
Close