Апасиев: Уставниот суд е слуга на олигархијата
Уставниот суд, на веќе пресудена работа, спротивно на темелните вредности на Уставот, го укина единствениот добар закон донесен од минатата власт, а тоа е ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ (со кој се даночеа екстрапрофитите на најбогатите компании кои не испокрадоа за време на Ковид кризата)! Ова е реакцијата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по денешната одлука на Уставниот суд.
-Со тоа, Уставниот суд (кој, патем речено, пресуди дека е уставно работниците да работат 72, наместо 40 часа неделно) по којзнае кој пат докажа дека нема никаква правна експертиза и е обичен СЛУГА НА ОЛИГАРХИЈАТА и на богатите, а против концептот на “социјална држава”, коментира Апасиев.
Тој додаде дека Левица ќе предложи посебен Закон за уставни судии кој ќе воведе прецизно дефинирање на флоскулата ,,истакнат правник”.
Имено, од денес државата е должна нови 50 милиони евра кои вкупно 156 компании ги уплатија во Буџетот на име на Законот за солидарен данок кој Устаен суд го поништи. Одлуката е донесена речиси едногласно, 5 спрема еден во гласовите на судиите. Повреда владеење на правото, ретроактивноста и селективна солидарност се клучните причини за одлуката на Уставниот суд.