20-тина силни земјотреси ноќеска го тресеа Санторини -11.000 луѓе заминаа од островот
Изминатата ноќ на грчкиот остров Санторини беше најтешка во последните неколку дена бидејќи околу 20 земјотреси со јачина над четири степени според Рихтеровата скала ја потресоа областа од еден часот по полноќ.
Последниот голем земјотрес е регистриран во 07.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,5 степени. Силен земјотрес (4,8 степени според Рихтеровата скала) ја погоди областа Санторини во 05:51 часот. Земјотресите над четири степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од кревет во страв, објави Прототема. Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини. Оваа област во изминатите девет дена ја погодија повеќе од 6.400 земјотреси.