Сакаме функционално (право)судство и владеење на правото?
·
Законот за меѓународни рестриктивни мерки: филтрација на грант-атлантистите од поборниците на владеењето на правото
Филтрација што во талогот ја остава и БЈРМ-овската правната мисла на скопски УКИМ и скопската медиа-интелектуала.
До иницирањето на Законот, бројни опинионисти се потсмеваа со американската “црна листа”, велејќи “И што сега, украдоа пари и демек нема да можат да патуваат во Америка”.
Ама штом “загусте”, од истите овие кругови потекнаа “најсуверенистичките” толкувања дека “суверенитетот” на граѓаните е во колизија со рестриктивните мерки по (имотот и парите на) лицата на “црните листи” на САД и ОК – согласно Законот.
Правно, би ги упатил на актот “Магницки” донесен во американскиот Конгрес и неговите соодветни форми во Канада, ОК и (членките на) ЕУ кои се вмрежуваат во единствен трансатлантски антикорупциски систем.
Но суштински прашањето е подлабоко.
Членките на ЕУ, како и САД и ОК се наши поддржувачи, (стратешки) партнери – и сојузници. Со кои сме во НАТО како одбранбено-политичка организација.
А со тоа членство, ставајќи ја одбраната на суверенитетот во систем на колективна одбрана – практично веќе го имаме споделено суверенитетот со своите сојузници. И тие со нас.
Всушност, анти-корупциската е борба за сувереност:
Суверенитетот на граѓаните во моментот е подреден на суверенитетот на македонските рент-а-фејс тајкуни што ги нарекуваме “олигархија” – создадени со обврски кон туѓи, источни центри и со корупција што ги блокира институциите и ги празни јавните финансии.
Затоа, борбата “црните листи” на САД и ОК да немаат реперкусија во
Северна Македонија – е суштински антисуверенистичка за граѓаните на Северна Македонија.