Вучиќ ги повика своите подржувачи да бидат дисциплинирани и да не предизвикуваат инциденти

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика вечерва сите свои поддржувачи да бидат дисциплинирани и да не предизвикуваат никакви инциденти за време на студентските протести и блокади.

-Наша работа е да се обидеме да застанеме, да не дозволиме нетрпеливоста и нервозата да не принудат на некој погрешен чекор и затоа ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повикам сите оние кои ме поддржуваат мене и мнозинството во Србија да бидат апсолутно дисциплинирани, рече Вучиќ на РТС.

Тој во исто време додаде дека „овие млади се нашата иднина и мораме да ги заштитиме“.

-Ако се случи инцидент, тој инцидент му одговара само на некој друг. И сега гледам како ги работеа многуте обоени револуции во светот. Нашите служби прават се што можат за да ги обезбедат што е можно повеќе, иако тоа не е лесно, бидејќи мора да разберете дека секој од тие собири е незаконски, рече српскиот претседател.

Според него, блокадите на патиштата и мостовите претставува „малтретирање на граѓаните и противуставно и противзаконско делување“

Back to top button
Close