Авион исчезна над Алјаска, во тек е потрага

Авион „Цесна“ со десет лица исчезнал за време на летот за Номе, Алјаска, јавува Си-Ен-Ен.

Авионот на Беринг Ер летал од Уналаклиет со девет патници и еден пилот. Авионот доцнел при пристигнувањето и веднаш била започната потрага по него.

„Во 16 часот по локално време, беше пријавено дека авионот доцнел“, соопшти државната полиција на Алјаска.

Локалната доброволна противпожарна служба објави дека спроведува активна потрага на Белата планина, но е ограничена на воздушна потрага поради лошите временски услови и намалената видливост.

Американската крајбрежна стража и американското воено воздухопловство дојдоа на помош, а планирани се летови за истражување на областа и обид за лоцирање на исчезнатиот авион, јавува Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close