Уште осум украинските деца, насилно одземени од нивните семејства, вратени се дома

Осум украински деца кои насилно беа одведени од своите семејства, вратени се дома, изјави денеска советничката на украинскиот претседател Дарина Заривна.

Децата биле земени од нивните семејства од страна на официјални лица на полуостровот Крим, кој е под руска контрола и сместени во државни сиропиталишта.

Заривна истакна дека децата биле одземени од болница додека биле на лекување и биле подложени на малтретирање во сиропиталиштата и принудени да учествувааѕ во проруските вежби, а биле обучувани и да ракуваат со оружје.

 

Но, таа не прецизираше како децата се спасени и каде сега се сместени.

 

– Нивната приказна е пример за систематската суровост на окупаторите. Тие беа насилно одземени од нивните мајки додека беа во болница. Сето ова е дел од политиката на Русија насочена кон уништување на украинскиот идентитет, објави Заривна на Телеграм.

 

Меѓународниот кривичен суд во 2023 година издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства поврзани со киднапирање на украински деца. Но, Кремљ ги отфрла обвинувањата.

 

На почетокот на оваа недела, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермаков, изјави дека 12 деца кои биле насилно однесени во Русија, се вратиле во Украина.

Москва и Киев извршија неколку размени на деца за да ги обединат со нивните семејства. Украина тврди дека повеќе од 19.500 деца биле однесени во Русија или на територијата окупирана од Русија без согласност на нивните семејства или старатели за време на војната.

Back to top button
Close