Протестен марш во Неготино за правда за Фросина Кулакова
Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, денеска во Неготино се организира протестен марш, поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Протестот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи – пишуваат организаторите на протестот.