Немаме поголем пријател и поддржувач на нашиот пат кон ЕУ од Грција, вели Муртезани

Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју дадено за МИА од Атина, каде беше во дводневна посета на јужниот сосед и каде се сретна со тамошната заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападополу и со потпретседателот на гршкото Собрание и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис, посочувајќи дека добрососедските односи се заеднички приоритет.

Ова пријателство мора и понатаму да се зајакне, а добрососедските односи се наш заеднички приоритеет, тие мора да се зајакнат. Ние сме земји-членки на НАТО и рамо до рамо придонесуваме за стабилноста во регионот и во светот“вели тој.

На неговата колешка, заменик-министерката за надворешни работи и сее заблагодарил за константната поддршка што ја дава Грција за политиката за проширување, а особено за нашето членство во ЕУ.

„Одговорно тврдам дека Северна Македонија нема поголем пријател и поддржувач на нашта европска интеграција од Грција. Поделивме искуства прво како да го забрзаме процесот, како да се подигне процесот на апсорпција на ИПА средствата, како да се продлабочи соработката и искуствата во другите инструменти и фондови на Европската Унија“ рече министерот.

Со потпретседателот на грчкиот парламент и претседатеел на Комисијата за европски прашања ја разгледале можноста за зајакнувања на комуникацијата меѓу законодавните домови на двете земји, а размениле и мислења за билатеералните процеси што се предмеет на парламентарна процедура.

„Зборувавме и за обостраната имплементација на Преспанскиот договор и заклучивме дека двеете страни треба да ги подобрат координативните активности и напорите во насока на понатамошна имплементација на Договорот“кажа Муртезани.

На средбата се зборувало и за прашањето за трите меморандуми за соработка што се уште не се ратификувани од грчките пратеници.

Муртезани во Атина пристигна од Брисел, каде оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, а во фокус на разговорите била реформската агенда на земјава и Планот за раст на Западен Балкан.

Back to top button
Close