Кузмановска од СДММ: Како Сергеј Попов за дело за кое следува затвор добил казна од само 500 евра?

Прес на Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Скандалот со пратеникот Сергеј Попов, добива нова димензија. Откако Попов, пратеник на ДПМНЕ и претседател на УМС, призна дека во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајка се поставува прашањето, како Попов добил толку блага казна?

Имено според законот, за тоа дело Сегеј Попов требало да биде осуден на затворска казна, но тој поминал со 500 евра казна како да сторил обичен прекршок во сообраќајот. Дали Попов, кој тогаш со неговата партија ВМРО-ДПМНЕ влијаеле врз процесот?

Почитувани, сите добро знаеме во 2014 година дека судството беше под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и тефтерчињата на Гордана Јанкуловска и одговорот на ова прашање го знаеме сите. Попов е дел од системот кој убива, дел од она против што тој повикуваше на протести. Неговиот случај не е различен од оној на Фросина, среќата е што тогаш никој не загинал. Прашуваме, дали инсталациите на ДПМНЕ односно „системот што убива“ го заштитил Попов во тоа време?

Бараме да се ревидира случајот на Попов во најкус рок.

Бараме на увид на јавноста да се изнесе целиот процес и фактите за дивењето на Попов во пијана состојба.

Го повикуваме Сергеј Попов да излезе пред младите и пред јавноста и да си даде оставка од позицијата пратеник и претседател на вмровската младина како минимум морален чин.

Не може младите да протестираат по улиците за правда и против нефункционалниот систем и безбедност на улиците а Попов да седи во удобната фотелја.

ДПМНЕ и Попов се дел од трулиот систем и неправдите против кои се борат младите.

Затоа ниту ДПМНЕ ниту Сергеј Попов немаат никаков образ да зборуваат за правда, ниту пак да ги повикуваат младите. Доста беше лицемерие! Младите во Македонија заслужуваат одговорни, чесни претставници – а не луѓе со кривични досиеја кои ги спасувале врските!

Back to top button
Close