Лами: Одлуката на Трамп за кратење на меѓународната помош е „стратешка грешка“

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами предупреди дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја намали странската помош може да биде „стратешка грешка“, јави ДПА.

Администрацијата на Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот ширум светот за проекти за меѓународна помош на САД, како дел од укинувањето на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

Лами ги повика САД „внимателно да погледнат што тргна наопаку“ во времето на претходната британска влада кога одлучи да го затвори своето Министерство за меѓународен развој. Тој додаде дека Британија со години „се обидува да ги ублажи негативните последици од оваа „стратешка грешка“, откако во 2020 година тогашниот премиер Борис Џонсон го спои со Министерството за надворешни работи.

– Развојот останува важна алатка на меката моќ. И во отсуство на развој, би бил многу загрижен дека Кина и другите ќе ја пополнат празнината, изјави тој за весникот „Гардијан“.

Планот на администрацијата на Трамп предвидува значителни кратења, со помалку од 300 луѓе кои остануваат во Агенцијата за меѓународен развој за да управуваат со програмите за хуманитарна помош ширум светот.

Во четвртокот, организациите на работниците во американскиот федерален систем поднесоа тужба барајќи од судовите да го запрат затворањето, тврдејќи дека Трамп нема овластување да згасне агенција содржана во законодавството на Конгресот

Back to top button
Close