Изгаснати два пожари во Велес

Попладнево во 14:15 часот во ТППЕ Велес било пријавено за пожар во стан на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 91. Како што информираат ТППЕ Велес на нивната фејсбук, во запаелниот стан интервенирале со 2 пртивпожарни возила и 6 пожарникари.

Тие појсочуваат дека во станот горела кујната и електрични апарати. Соопштуваат дека по брзата интервенција спречена била поголема катастрофа.

Фото: Пекселс

 

Во Велес денеска имало и друг пожар, односно се запалил оџак на куќа. Имено, претпладнево  во 09:55 часот била примена дојава за запален оџак на ул. „Васил Ѓоргов“ во месноста  Којник, во високиот дел од градот. ТППЕ Велес интервенирала со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари. По пристигнувањето на пожарникарите на лице место, оџакот бил пригушен и биле дадени инструкции за понатамошно следење.

ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку се забележи пожар да се јават на бесплатниот телефонски број 193.

Back to top button
Close