Романскиот претседател Јоханис поднесе оставка

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис денеска поднесе оставка.

Како што јавија светските агенции, опозициските партии во романскиот Парламент планираа да започнат процес за отповикување на Јоханис.

Романскиот Врховен суд претходно пресуди дека Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, треба да остане на функцијата до одржувањето на новите избори на 4 мај. Пред вториот круг од претседателските избори во декември, судот ги поништи резултатите од првиот круг и најави дека мора да се повтори целиот изборен процес.

Одлуката на Врховниот суд дојде откако Јоханис ја симна ознаката за тајност на разузнавачки информации, според кои, Русија водела координирана интернет кампања за промовирање на десничарот Калин Георгеску, кој освои најмногу гласови во првиот круг од изборите.

Back to top button
Close