Член на Судски совет не размислува за оставка ако му се изгласа недоверба: Не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност

Еден од членовите на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, нагласи дека не размислува за поднесување оставка од својата функција дури и ако Собранието му изгласа недоверба.

Во изјава за вториот канал на МРТ, Мустафа посочи дека ќе поднесе оставка само ако се утврди професионална повреда или пропуст во неговото работење, но не и поради интерпелацијата во законодавниот дом.

„Додека такво нешто не се случи, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност да преземам таков чекор. Не сакам да се мешам во, ниту да коментирам, законските права на пратениците во Собранието на Република Македонија, но сметам дека ова не е вистинскиот начин да се реши ситуацијата која постои кај нас“, изјави Мустафа.

Back to top button
Close