Каракас испрати авиони по венецуелските мигранти во САД

Каракас испрати два авиони во САД за репатријација на венецуелски мигранти, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Венецуела. Овој чекор следува десет дена по посетата на специјален пратеник на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на венецуелската престолнина.

„Венецуела го информира својот народ и светот дека во овој момент два авиона се на пат кон венецуелска територија за да ги вратат нашите сограѓани мигранти кои се наоѓаа во САД“, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close