Египетскиот претседател нема да присуствува на состаноците во Белата куќа ако темата е раселувањето на Палестинците
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси нема да отпатува во Вашингтон на разговори во Белата куќа доколку на дневен ред е планот на САД за раселување на Палестинците од Газа, изјавија два египетски безбедносни извори.
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани Сиси да ја посети Белата куќа за време на телефонски разговор, соопштија претходно од кабинетот на египетскиот претседател, но датумот за посетата се уште не е одреден, изјави американски претставник кој сакаше да остане анонимен.
Египетското претседателство и Министерството за надворешни работи не одговорија на барањата за коментар