Крилото на АА на Арбен Таравари: Одлуката на Основниот суд Тетово е чист чин на заробена правда
Oдлуката на Основниот суд во Тетово, која се обидува на ДУИ да му ја поклони Алијансата за Албанците, е чист пример за политичко заробување на правдата. Ова е чист чин на партиско судство кое се обидува да манипулира со волјата на граѓаните и една политичка партија да ја претвори во воен плен на Али Ахмети, реагира крилото на Арбен Таравари.
-Испраќаме јасна порака до судијата Илир Реџепи и кланот на Зиадин Села: вашиот обид за криумчарење на Алијансата за Албанците, ќе пропадне! АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците. Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде не свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето. Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи, рекоа членовите на партијата.
Посочија дека за состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации.
-Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски. Оваа политичка одлука на судијата Реџепи уште повеќе не мотивира за вршење длабоки реформи во правосудтсвото. Иницијативите за разрешување на главниот обвинител и на петте членови на Судскиот совет се важни чекори кон воспоставување на владеење на правото и интензивирање на борбата против криминалот и корупцијата. Против судијата Реџепи ќе биде поведена постапка за отчетност, истакна членовите од крилото на Таравари.
Посочија дека правдата нема да остане заложник на политички пазарења