Драма во авионот што го превезуваше клучниот човек на Трамп во Минхен: Мораше принудно да слета

Како што јави Ројтерс, Рубио ќе мора да отпатува за Германија, а потоа на Блискиот Исток со друг авион, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.

Рубио требаше да присуствува на 61-та Минхенска безбедносна конференција (MSC) која започнува денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија.

Во хотелот Bayerischer Hof во Минхен, светските лидери, креатори на политики и експерти ќе се соберат за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

Back to top button
Close