ВИДЕО: Изјавите на Таравари се шокантни бидејќи Владата создаде економска криза па сега бара теми за дефокусирање
Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, кои повеќе наликува дека е министер без ресор, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството.
Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.
А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.
По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети” со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.
На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго.