Во неколку дена во притворскиот дел на затворот Шутка пронајдовме 135 телефони

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Пандов нагласи дека по пронајдениот телефон кај Васил Јованов, полициски службеници од Интервентната полиција отишле да направат претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони. Контрола била направена и три дена подоцна, вели Пандов, и во истиот дел од затворот биле пронајдени уште 35 телефони.

– Откако викендот беше пронајден телефонот во Шутка, веќе во понеделникот од Интервентна полиција веќе беа отидени таму да направат претрес во притворскиот дел и беа пронајдени 70 телефони. По два-три дена подоцна повторно извршија претрес таму и беа пронајдени 35 телефони. Вчера, исто така, во полу-отвореното и отвореното одделение најдоа 30 и нешто телефони. Тоа се бројки што мене ме загрижуваат, рече Пандов.

Back to top button
Close