Јулија Навална: Путин никогаш нема да преговара искрено

Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навална, изјави дека „нема смисла да се преговара со Путин“.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Навална порача: Обидите за преговори со (рускиот претседател Владимир) Путин се бесмислени. Тој ќе ве излаже и ќе ве предаде, нагласи таа.

Навална, исто така, истакна дека „војната што Путин ја започна во Украина ќе заврши во моментот кога тој ќе си замине“.

Изјавата на Навална доаѓа точно една година по смртта на нејзиниот сопруг Алексеј Навални во руски затвор.

Back to top button
Close