Во обид за бегство, скопјанец во Ќерамидница нападнал полицајци
На 15.02.2025 во 20.40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што бил уапсен.

При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






