Оксфам: Палестинците во Газа едвај имаат пристап до вода, ширењето на болеста се зголемува
Британската невладина организација Оксфам денеска соопшти дека само седум отсто од водата од пред конфликтот сега им е достапна на Палестинците во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, што го зголемува ширењето на болестите и ја влошува здравствената катастрофа во енклавата.

Во северниот дел на Газа, кој ги вклучува Џабалија, Беит Ханун и Беит Лахија, израелската армија ги уништи речиси сите бунари и резервоари, додека на југ, во Рафах, повеќе од 90 отсто од бунарите и резервоарите се делумно или целосно оштетени, а производството на вода е помалку од пет отсто од капацитетот пред конфликтот, соопшти Оксфам.
И покрај напорите да се врати производството на вода по прекинот на огнот, уништувањето на водоснабдувањето во Газа значи дека 60 отсто од водата истекува во земјата, објави Ал Џезира.