ВИДЕО: Земјотрес среде прес на Бенфика – новинарите се разбегаа
Лисабон вечерва ќе биде домаќин на реванш натпреварот од плеј-офот за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, во кој Бенфика од 21 часот ќе го пречека францускиот Монако.
Португалскиот тим има минимална предност од 1:0 стекната на гостински терен во Монте Карло, а вечерва ќе се обиде да ја завери својата визa за следната фаза.
A 4.7 magnitude earthquake (13:24 pm 🇵🇹) had its epicenter 14 kilometers today from Seixal and was felt in Benfica’s press room. Bruno Lage tells how he experienced this.
pic.twitter.com/ADsLqULeCG— PortugueseSoccer.com ⚽️ (@PsoccerCOM) February 17, 2025
Меѓутоа, подготовките за натпреварот беа засенети од неочекуван настан во Лисабон. Синоќа, главниот град на Португалија беше погоден од земјотрес со магнитуда од 4.7 степени, непосредно пред да започне прес-конференцијата на тренерот на Бенфика.
Во моментот кога тренерот на португалскиот клуб се упати кон своето место, просторијата во која се одржуваше конференцијата почна да се тресе. Присутните новинари беа видливо вознемирени, но стратегот на Бенфика реагираше смирено, повикувајќи на присебност.
Откако потресот заврши, тој седна и ги замоли новинарите да останат на прес-конференцијата, и покрај неочекуваниот настан. Потоа, Лаже продолжи со своето обраќање, фокусирајќи се на важноста на вечерашниот дуел против Монако.
Со оглед на резултатот од првиот натпревар, Бенфика има благ фаворитски статус, но францускиот тим ќе пристигне со јасна цел – да ја анулира негативата и да се избори за пласман во следната рунда.
Натпреварот на „Естадио да Луж“ ветува возбудлива битка за место во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.