(ВИДЕО) Повеќе од 150 китови се насукаа во Австралија

Повеќе од 150 китови се насукани на оддалечена плажа во австралиската островска држава Тасманија, објави Одделот за природни ресурси и животна средина.

Морски експерти, вклучително и ветеринари, ги посетија насуканите китови на местото во близина на реката Артур на северозападниот брег на Тасманија, а од 157-те насукани китови, 136 се чини дека се сè уште живи, се вели во соопштението пренесено од АП.

Џоселин Флинт, која живее во близина на реката Артур, рече дека нејзиниот син ги открил насуканите китови околу полноќ, по што властите биле предупредени.

Најголемото масовно насукање на китови во австралиската историја се случи во 2020 година кога 470 китови се насукаа на песочните плажи.

Повеќето од насуканите китови умреле во двата наврати.

Причините за насукање се нејасни и може да вклучуваат дезориентација предизвикана од гласни звуци, болест, старост, повреда, бегство од предатори или тешки временски услови

Back to top button
Close