На 84 години Том Џонс на светска турнеја, ќе настапи и во Хрватска!

Популарниот британски музичар Сер Том Џонс ја најави својата голема светска турнеја во чиј склоп ќе одржи над 30 концерти.

Иако има 84 години, со својот тим тој ќе го пропатува светот, и тоа од 17-ти април, кога ќе одржи концерт во Канада, па се до 20-ти август, кога е закажан последниот концерт од турнејата, кој ќе се одржи во Кардиф, Британија.

Освен концертите во Канада и Америка, Том Џон ќе одржи концерти и во неколку европски земји, и тоа Грција, Хрватска, Романија, Унгарија, Норвешка и во Обединетото кралство.

Инаку, Џонс кој е по потекло од Велс, активен е на сцената околу шест децении. На својот јубилеен, 80-ти роденден, изјави дека ќе пее се додека го држи гласот

Back to top button
Close