Битиќи: Ист производ на 30 километри од Скопје е двапати поевтин, до каде ќе се оди со алчноста
Фатмир Битиќи од СДСМ денеска во „Daily Click“ на ТВ21 праша до каде ќе оди алчноста во Македонија.
Како што вели, ист производ на само 30 километри од Скопје е двапати поевтин.
„Па не може на 30 километри од Скопје да имате ист продукт кој е двапати поевтин, произведен во Германија. Не е возможно, нешто се случува, до каде ќе се оди тука со алчноста?“, вели Битиќи.
Тој вели дека и во Бугарија има поевтини производни произведени од Македонија.
„Еве јас одам во Бугарија и сфаќам дека наш производ од Македонија во Лидл Бугарија го купувам поевтино во маркетите отколку во Скопје. Тоа не е возможно, не е возможно, тој е тука произведен, не е произведен во Бугарија“, вели Битиќи