Свиркач од МВР што му давал податоци на Палчо бил избркан од работа
Тој најави нови сериозни докази за сторени кривични дела на Обвинителството, бидејќи, како што рече, свиркачот што му ги дал податоците бил избркан од МВР.
– И токму затоа пристигнаа нови докази за учеството на МВР и на ЈО дека од првиот ден, од 5 декември 2023 година се во тек со оружјето – рече Палевски.
Судот констатира дека на видеозаписите се гледаа обвинетите Палевски, Манев, Видевски и Кешишев. Сите во одредени моменти носат капчиња на главата и средства за комуникација, слушалки, микрофон.
Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска рече дека видео снимките се одземени при претрес на куќата на Манев на 3.12.2023, кога е одземен целокупниот уред со кој се поврзани камерите. Во таа содржина постојат видеозаписи од 20.11 до 3.12.2023 година