Претседателката Беса Адеми и судијата Африм Фидани lво трка за шеф на Врховниот суд

Актуелната претседателка на Врховниот суд Беса Адеми и врховниот судија Африм Фидани се двајцата кандидати во трката за претседател на Врховниот суд. Четиригодишниот мандат на Адеми и истекува во март, а таа има право да конкурира за уште еден, пренесе Фокус.

Нивните кандидатури во среда ќе се најдат на седницата на Судскиот совет, за да се утврди дали поднеле комплетна документација.

Според биографиите на судиите, Беса Адеми дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година, а правосуден испит положила во 1993 година.

Адеми на 15.12.1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 година била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 година до 14.6.2004 година работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд, а во 2021 година и за претседател на Врховниот суд.
Нејзината работа беше позитивно оценета во извештајот на ЕУ, а обидот за нејзино разрешување беше оценет како удар врз независноста на судството. Обидот за нејзина дискредитација и смена следуваше откако јавно изјави дека највисокиот суд е под политички притисоци за да оживеее ,,аболицијата” на Иванов.

Нејзиниот против кандидат, судијата Африм Фидани пак работел како републички инспектор за труд и секретар на Општина Врапчиште, а од 2007 до 2011 година е адвокат по што е избран за апелационен судија во Скопје.

Шест години подоцна, во 2017-тата, е унапреден во Врховниот суд, каде работи во одделот за казниви дела и судење во разумен рок.
Шеф на Врховниот суд, според Законот за судовите, може да биде судија кој има најмалку шест години непрекинат судиски стаж во суд од ист или повисок степен.

 

Back to top button
Close