Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори
Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест преку кој упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков да ги почитува законските одредби при изборот на директор на нашата институција.
„Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори. Бараме Министерството за култура и туризам да го избере најдобриот кандидат на конкурсот за директор на Македонската филхармонија односно кандитатот кој ги исполнува сите услови од конкурсот: да има најмалку пет години работнен стаж или искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).
Оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, постојано го истакнува системот на заслуги како клучен при изборот на раководни кадри. И дека главен критериум се вештините, вредностите и
Р Е К Л А М А
заслугите на поединецот, а не неговата политичка припадност или фаворизирање по друга основа.
Доколку се избере кандидат на конкурсот за директор на Македонската филхармонија, кој бил претходно договорен меѓу коалициските партнери на власта, тогаш јасно ќе биде дека заложбите
за поставување квалификувани кадри се само декларативни и дека единствено партиските заслуги се критериум за поставување директори“.
Бараат од министерот за култура и членовите на комисијата за избор на директор, да се придржуваат до законската процедура и критериумите во конкурсот и со тоа да докажат дека системот на компетенции се почитува. Во спротивно како шрто велат, целата документација од постапката за избор, ќе биде побарана како информација од јавен карактер и споделена со јавноста.