ЕУ го одложи почетокот на ЕТИАС

Македонските граѓани може да здивнат, бидејќи ЕУ повторно го одложи датумот на започнување на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ETИАС).

Оваа одлука е олеснување и за македонските туроператори, но и за туристите, бидејќи секоја година најмалку половина милион наши граѓани летуваат во соседна Грција, а која потпаѓа под одлуката за европска „инстант виза“. Неофицијално речиси 80 отсто од претсезонските аранжмани се веќе продадени, а се резервираат дури и патувањата за септември.

Иако ЕУ досега постојано тврдеше дека овој систем ќе стане оперативен до средината на 2024 година, датумот на започнување на новите правила за патување беше одложен до мај годинава. (Слободен печат)

Back to top button
Close