Избори во Германија: Што им нудат партиите на гласачите

 

Десет партии се во трка за изборите ширум Германија. Универзитетот во Хоенхајм ги анализираше нивните програми и откри дека тие се пократки од вообичаеното и тешко разбирливи. Има премногу технички термини, долги реченици и сложени зборови како „Telekommunikationsnetzausbaubeschleunigungsgesetz“ (Закон за забрзување на проширувањето на телекомуникациската мрежа – FDP). Најразбирливата програма, според истражувачите, доаѓа од ЦДУ/ЦСУ, додека најтешка за разбирање е програмата на АфД).

Дојче веле ги претставува седумте партии во моментов застапени во германскиот Бундестаг. Редоследот на презентација се заснова на тековните анкети за поддршка на партијата, кои може да се променат до денот на изборите.

ЦДУ/ЦСУ

Заедничката изборна програма на сестринските партии ЦДУ и ЦСУ е насловена: „Промена на политиката за Германија“. Унијата предводена од Фридрих Мерц сака да се врати на власт откако беше најголема опозициска партија во последниве години. Нивната програма се карактеризира со конзервативни, либерални и социјално-христијански позиции. Миграцијата стана клучно прашање на изборната кампања. Унијата сака да ја ограничи нерегуларната миграција. „Ќе ги забрзаме процедурите за азил и депортација“, се наведува во програмата. Клучна цел е и јакнење на економијата.

ЦДУ/ЦСУ им ветува на претприемачите: „Ќе го намалиме даночниот товар на компаниите до максимум 25 проценти“.Социјалните бенефиции треба да се ревидираат и да се намалат доколку е потребно. Во иднина треба да има повеќе пари за одбрана.

АфД

„Време е за Германија“ е слоганот на изборната програма на АфД партија која делумно се смета за екстремно десничарска. Во програмата доминира темата: миграција. Нивната цел е да го затворат „германскиот рај за азил“. Клучниот термин во политиката на АфД е „ремиграција“, а програмата зборува за „враќање на странци кои се обврзани да ја напуштат земјата и да се вратат во својата татковина“.

АфД сака да го смени трендот на „масовна имиграција“ во Германија и да го отежне добивањето германско државјанство. Ја ја отфрлаат европската политика за азил и ќе се залагаат за формирање „европска економска и интересна заедница“ наместо сегашната ЕУ. Тие планираат повторно да ја воведат германската марка и да ги укинат санкциите кон Русија.

СПД

Во СПД се оптимисти и веднаш презентираат „Програма на Владата“ под слоганот „Повеќе за тебе. Подобро за Германија“. Како што сугерира името на партијата (Социјалдемократска партија), социјалните прашања се во центарот на нивната програма. СПД, предводена од канцеларот Олаф Шолц, сака да осигура луѓето да ги плаќаат животните трошоци – преку зголемување на минималната плата и намалување на даноците за оние кои заработуваат помалку.

Луѓето со високи примања треба да плаќаат повеќе даноци. Партијата ветува стабилни пензии и зајакнување на економијата. Во однос на миграцијата, СПД сака да ги забрза процедурите за азил, но ја отфрла идејата за процедури за азил надвор од ЕУ. Во однос на поддршката за Украина, СПД планира да ја продолжи помошта за нападнатата земја, но не сака да испорачува крстосувачки ракети Таурус.

Зелените

Програмата на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) носи двосмислен наслов „Растеме заедно“ и се нарекува и „наша владина програма“. Во него се вели: „Ние кажуваме како ќе го направиме животот достапен, како ќе ја заштитиме природата и климата, како можеме да ја зајакнеме економијата и да го вратиме нашиот просперитет на климатски неутрален начин.

Министерот за економија Роберт Хабек се залага за инвестирање во иднината со отворање на „Германски фонд“, кој треба да ја обнови запоставената инфраструктура на земјата. Домувањето треба да стане подостапно, а мобилноста со јавен превоз поевтина. Како и СПД, Зелените се залагаат за намалување на даноците за луѓето со ниски и средни примања и зголемување на минималната плата. Нивниот фокус е исто така на климата и енергијата. Партијата сака да ги прошири обновливите извори на енергија и да ги затвори електраните на јаглен што е можно поскоро.

Левица

„Сите сакаат да владеат. Ние сакаме да направиме промени“, се наведува во програмата на Левица. Во поднасловот се вели: „Да се подели богатството. Да се намалат цените. Едни за други“. Левицата е цврсто етаблирана во политичкиот систем на Германија од 2005 година, но секогаш се бореше да го помине изборниот праг од пет проценти за да влезе во Бундестагот. Партијата се гледа себеси како антикапиталистичка и социјалистичка алтернатива. Во политиката за азил, таа веројатно ја има најлибералната програма: „Сите луѓе мора да ги имаат истите права и можности, без разлика на пасошот и потеклото.

Јан ван Акен и Хајди Рајчинек сакаат да се залагаат за посиромашните граѓани, барајќи пониски цени на струјата и парното, ограничување на киријата и повисоки плати. Побогатите треба да плаќаат повеќе даноци. Левица се гледа себеси како „партија на мирот, ја осудува војната против Украина и ја смета за кршење на меѓународното право.

Либерали – ФДП

„Сè може да се смени“ – со овој слоган на плакатите што ги залепија низ земјата, либералите од ФДП одат на изборите. Така се вика и нивната изборна програма. Во текот на историјата на Сојузна Република Германија, ФДП често беше клучен коалициски партнер. Иако нивната програмска ориентација се промени, либералната суштина остана иста под водство на Кристијан Линднер: олеснување на товарот на граѓаните и бизнисите, помала влада, помалку бирократија, поголема лична одговорност, подобро образование, силна економија и граѓански права. ФДП не сака и нема да прифати дека „нерегуларната миграција сè уште не е доволно ставена под контрола“ и „дека се загрозени работните места и просперитетот“. Останува неизвесно дали партијата повторно ќе влезе во Бундестагот.

Алијансата Сахра Вагенкнехт – БСВ

„Нашата земја заслужува повеќе!“ – се наведува во програмата на Алијансата на Сахра Вагенкнехт. Партијата, предводена од оваа поранешна политичарка од Левица, се уште е млада и има малку членови. Нивната изборна програма јасно покажува: Партијата тешко може идеолошки да се класифицира во некоја од постојните насоки. Од една страна има левичарски економски и здравствени политики, а од друга страна строги правила за азил.

„Миграцијата не е решение за проблемот со сиромаштијата во светот“, се наведува во програмата. Таа треба да биде „ограничена“. Се споменуваат „бегалски бранови“ и се нагласува дека БСВ сака да ја „запре неконтролираната имиграција“. Првата точка во програмата е насловена „Мир“. Програмата е главно проруска и антиамериканска.

САД се нарекуваат „суперсила во опаѓање“ Кога станува збор за руската војна против Украина, во програмата се наведува: „Не сакаме германските даночни пари да продолжат да се ставаат на располагање за продолжување на оваа бесмислена војна“. (Dw)

Back to top button
Close