(ВИДЕО) Кузеска: За робустниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација.
Скандалозната најава од вицепремиерот Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор.
Очигледно станува збор за политички дил меѓу ВЛЕН и ДПМНЕ односно меѓу Мицкоски и Меџити за робусно полнење на јавната администрација со луѓе блиски до владејачките партии.
Пред локалните избори власта спремила робусно полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе и младите остануваат без никаква шанса.
Затоа Македонија ги губи младите, поради корупција, партиски клиентелизам и нееднакви можности. Способните си заминуваат бидејќи знаењето се заменува со партиски кадри.
Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.
ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал.
Граѓаните заслужуваат држава каде што секој има еднакви можности, а не распределување на работни места според партиски списоци.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Очајните спинови на ДПМНЕ за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити
ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи.
Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија, кога ние со сите дела во минатото и сега покажуваме дека сме партија која посакува и работи на европска иднина.
Го разбираме нивниот гнев во ситуација кога немаат ниеден конкретен успех на ниедно поле, ниту политики со кои граѓантие живеат подобро. Наместо да се занимаваат со овие теми треба да објаснат на граѓаните зошто цените во маркетите се толку високи, зошто неможат да врзат крај со крај и како мислат да го подобрат животниот стандард на граѓаните. Но нив очигледно им е работа да прават дефокус и да етикетираат новинари.